24фудбал

Адеми се повреди, предвреме го заврши мечот со ЦСКА Москва!

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми во 35. минута го напушти мечот со ЦСКА Москва поради повреда.

Лига Европа

Динамо Загреб остана без својот капитен на мечот од Лига Европа против ЦСКА Москва, Адеми во 35. минута мораше да биде заменет поради повреда.

Македонскиот фудбалер во еден момент се фати за бутниот мускул и по изразот на неговото лице беше јасно дека се работи за повреда поради која мора да излезе.

Веројатно во текот на утрешниот ден откако ќе бидат направени деталните лекарски прегледи ќе се знае точно за каква повреда станува збор и колку време ќе биде надвор од теренот.