24фудбал

Харт ќе ги брани налетите на Арсенал на големото дерби во Лондон?

Лорис беше неизвесен и претходното коло за гостувањето кај Челси, меѓутоа ги одигра сите 90 минути во ремито без голови, Французинот повторно е неизвесен, овој пат за градското дерби со Арсенал.

Англија

На Островот најавуваат дека Џо Харт би можел да дебитира во Премиерлигата во дресот на Тотнем, и тоа против големиот градски ривал Арсенал во мечот кој е предвиден да се одигра утре со почеток од 17,30 часот во рамките на 11 коло во Премиерлигата.

Жозе Мурињо го преферира Харт во Лига Европа за што се потврди и во текот на седмицата каде поранешниот англиски репрезентативец бранеше на гостувањето кај Ласк во Австрија (3-3), а сега би можел да застане на голот и против „Топчиите“.

Лорис претходно патуваше со клубот во Лига Европа, каде сезонава запиша два настапи како стартер во тоа натпреварување, меѓутоа не беше таква ситуацијата овој пат, а клубот избегна да коментира дали станува збор за потенцијална промена на голманската позиција во дербито со Арсенал.