Стадионот на Наполи во иднина ќе го носи името „Диего Армандо Марадона“, општината Неапол денеска едногласно ја изгласа промената.
Категорија: Италија 04.12.2020 17:49 Прочитано: 228 пати
По смртта на Диего Армандо Марадона, беше даден предлог да се промени името на стадионот на Наполи, местото каде Аргентинецот во сиот раскош го покажа својот талент и ги предвоеше „сините“ до две Скудета.
Денеска, група католички свештеници побараа компромисно решение, да се задржи името „Сан Паоло“, но оштината Неапол реши да ги игнорира.
На денешната седница, градоначалникот Лујџи де Маџистрис дал предлог стадионот „Сан Паоло“ да се преименува во „Диего Армандо Марадона“ а градсиот совет едногласно ја изгласал промената.