24фудбал

Ниту ќе остане во Барса, ниту ќе замине во Сити, Меси во следната сезона ќе игра за ПСЖ?

Радио Монте Карло (РМЦ) тврди дека Лионел Меси во следната сезона како слободен играч од Барселона ќе премине во ПСЖ.

Франција

Нејмар изјави дека сака да игра со Меси во ПСЖ и дека тоа треба да се случи уште во следната сезона.

Француското радио РМЦ се обиде да дознае дали Бразилецот знае нешто што другите не знаат, или само си ја кажа желбата. Тие го исконтактирале првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи.

Тој не демантирал, рекол само дека не може сега да зборува за тоа и се насмеал. Ваквата негова реакција многумина ја протолкуваа дека Меси во следната сезона ќе го носи дресот на ПСЖ.

Официјално Меси се уште не смее да преговара со други клубови, тоа легално ќе може да го прави од јануари, шест месеци пред истекот на неговиот договор. Се верува дека затоа Ал Келаифи не даде конкретен одговор, туку рече дека не може сега да зборува на таа тема.