24фудбал

Калафиори: Сонував за овој момент, само една работа можеше да го направи поневеројатен (ВИДЕО)

18-годишниот Рикардо Калафиори имаше ноќ од соништата откако го постигна својот деби гол за Рома и помогна за триумф од 3-1 над Јанг Бојс, тоа беше маестрален погодок од далечина.

Италија

Младиот бек на Рома, Калафиори максимално ја искористи шансата за настап против Јанг Бојс, постигна брилијантен погодок од далечина, негов дебитантски за римската волчица.

Во изјава по мечот тој вели дека сонувал за ваков момент, тој можел да биде поневеројатен само ако на стадионот имало и фанови.

„Не знам колку долго сонував за овој момент“, изјави Калафиори за „Скај Спорт Италија“.

„Единствена работа која ќе го направеше поневеројатен е ако имаше фанови на стадионот“.

Калафиори во изминатите две години имаше две сериозни повреди, па тоа го прави овој момент уште позначаен за него.

„Тоа беше најтешкиот период од мојот живот, но сега исто е најпрекраснииот. Направив работи кои изгледаа невозможни“.

„Работев многу напорно, бидејќи на крајот на денот чувствував дека сум роден за да играм фудбал. Го остварив сонот и сега се надевам дека ќе одам колку што е можно подалеку во кариерата“.