24фудбал

Емотивно писмо од Пеле до Марадона: Поминаа седум дена откако замина, многу луѓе сакаа да прават споредби меѓу нас...

Бразилската легенда, Пеле напиша писмо со многу емоции за Диего Марадона во кое ја изразува сета почит и љубов кон Аргентинецот.

Јужна Америка

Пеле искажува големи емоции за Марадона по смртта на аргентинскиот фудбалер, Бразилецот му напиша емотивно писмо со цел да го искаже сето мислење за Диего.

„Денеска поминуваат седум дена откако замина. Многу луѓе цел живот сакаа да прават споредби меѓу нас“, пишува Пеле.

„Ти беше генијалец кој го маѓепса светот. Магионичар со топката во неговите нозе. Вистинска легенда. Но пред се, за мене секогаш ќе бидеш голем пријател со уште поголемо срце“.

„Денес знам дека светот би бил многу подобар ако би можеле помалку да се споредуваме и иповеќе да се восхитуваме. Па сакам да кажам дека ти си неспоредлив“.

„Твојата патека беше обележана со искреност. И на твој уникатен и посебен начин, нè научи дека треба да сакаме и многу почесто да велиме „те сакам“.

„Твоето брзо заминување на ми дозволи да ти го кажам тоа, па сега само ќе го напишам: Те сакам Диего“.

„Мој голем пријатели, ти благодарам многу за целото наше патување. Еден ден во рајот ќе играме заедно за ист тим. И тооа ќе биде првпат славенички да ја подигнам раката на теренот без да прославам гол. Тоа ќе биде затоа што конечно повторно ќе можам да те прегрнам“.