24фудбал

Алиоски: Сакам да останам во Лидс, но тоа не зависи само од мене

Езгјан Алиоски вели дека е среќен во Лидс и сака да го продолжи договорот, но тој е фокусиран само на фудбалските работи, а останатите ги менаџираат други лица.

Англија

Алиоски игра одлично во Лидс, но неговиот договор завршува по крајот на оваа сезона. Низ англиските медиуми се шпекулира дека клубот сака да го задржи и ќе му понуди продолжување на соработката, но засега нема ништо конкретно.

„Се уште ништо не се случило. Тука сум, се разбира додека мојот договор не истече следната година. Не размислувам за заминување од Лидс. Мојата глава е фокусирана само на Лидс. На крајот што ќе се случи, ќе се случи“, вели Алиоски.

Се разбира дека би сакал да останам тука, но овие работи се за други луѓе да ги менаџираат. Јас сакам само да уживам во моментот тука. Сакам да бидам фокусиран само на фудбалот. За другите работи читам во медиумите, но се уште ништо не се случило. Тука секој ден сериозно работам, ужувам во секој ден во Лидс“.

„Уживам во фудбалот кој го играме во Премиерлигата, играме напаѓачки фудбал и тоа ми се допаѓа. Функционира како група. Другите тимови можеби имаат подобри индивидуалци, но ние почнавме како тим. Ние сме тимот кој е опасен и силен за другите. Се бориме еден за друг и затоа сме добри“.