24фудбал

Рашфорд неизвесен за гостувањето на Манчестер јунајтед кај Вест Хем

ПСЖ синоќа му се реваншираше на Манчестер јунајтед за поразот во првото коло на домашен терен, па славеше со 1-3 на гостувањето на „Олд трафорд“ во петтото коло од групата „Х“ во Лигата на шампионите.

Англија

ПСЖ му стана редовен клиент на Маркус Рашфорд кој погоди и на синоќешната пресметка, меѓутоа офанзивецот на Манчестер јунајтед поради повреда не успеа до крај да го одигра мечот, а беше заменет со Пол Погба во 74. минута.

Предводникот на „Црвените ѓаволи“, Оле Гунар Солшер говорејќи по мечот околу повредата на офанзивецот, потврди дека обновена е повредата на рамото на Рашфорд, па останува дилемата дали 23 годишниот фудбалер ќе биде во комбинација за настап против Вест Хем претстојниов викенд.

Се работи за проблемот со неговото рамо, останува да утврдиме колку ќе му биде потребно да заздрави и целосно да се рехабилитира, се надеваме дека ќе биде во можност за настап против Вест Хем“ изјави Солшер по мечот со ПСЖ.

Рашфорд во новата сезона на девет настапи во Премиерлигата постигна два гола, но има доста подобар учинок во Лигата на шампионите, каде на пет натпревари успеа да погоди шест пати во мрежата од голот на противникот.