24фудбал

Халанд заврши за оваа година, се повреди и ќе ги пропушти следните натпревари

Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд заработи повреда пред мечот со Лацио, има проблеми со мускулот и нема да игра веќе оваа година.

Германија

Тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре потврди дека Халанд се повредил во вторникот на тренинг и повредата е посериозна отколку што мислеле.

„Халанд нема да игра до почетокот на јануари. Можеби премногу играше досега и повредаа е последица на тоа“, вели Фавре.

„Тој се повреди на тренинг. Прво мислевме дека не е лошо. Но сепак е, не можеме да го промениме тоа“.