24фудбал

Пиоли се враќа на клупата на Милан, го победи коронавирусот

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли е негативен на ковид-19 на последното тестирање, стратегот се враќа на работа.

Италија

Лидерот во Серија А, Милан повторно ќе биде предводен од својот тренер Стефано Пиоли кој беше позитивен на ковид-19.

„Милан информира дека Стефано Пиоли и неговиот прв помошник Џакомо Мурели се негативни на вчерашното тестирање“, се вели во соопштението на клубот.

„Пиоли и Мурели ќе го водат денешниот тренинг и ќе бидат на клупата на утрешниот натпревар од Лига Европа меѓу Милан и Селтик“.

Додека Пиоли и Мурели беа во изолација, Даниеле Бонера беше на клупата на Милан.