24фудбал

Трајковски: Македонија ќе биде убаво изненадување на Европското првенство

Македонскиот репрезентативец, Александар Трајковски верува дека Македонија има што да покаже на Европското првенство.

Македонија

Уште не стивнуваат реакциите по пласманот на Македонија на Европското првенство, Александар Трајковски во интервју за српските медиуми зборува за тоа колку е горд што успеа со неговите соиграчи да се избори за овој историски успех.

„Чувството не може да се опише! Сон на секој фудбалер е еден ден да биде дел од така големо натпреварување. Мило ми е што сум дел од генерацијата која успеа по прв пат во историјата да ја однесе репрезентацијата на Европско првенство и горд сум што успеавме да го израдуваме нашиот народ“, вели Александар Трајковски во интервју за српскиот портал хотспорт.рс.

„Мислам дека поседуваме голем квалитет. Верувам дека ќе бидеме убаво изненадување на Европското првенство“.