24фудбал

Кој го купил погрешил, но во Васко да Гама веруваат дека Балотели може да биде нивниот Марадона

30-годишниот италијански напаѓач е без клуб откако ја напушти Бреша, тој наскоро ќе му се врати на фудбалот, ќе заигра за бразлискиот клуб, Васко да Гама.

Јужна Америка

Речиси никој не се усреќил од Балотели, но во Васко да Гама се надеваат дека тој созреал, нема да прави глупости во Рио и ќе биде големо засилување за нив.

Тие се договориле со Балотели, но работата не може да биде официјализирана до 15 јануари.

Фабио Кордела кој треба да биде именуван за нов спортски директор на Васко да Гама, за „Кориере дело Спорт“ ја објасни ситуацијата.

„Тој сакаше да дојде тука. Не заборавајте, Васко е вториот најтрофеен клуб во светот по Реал Мадрид. Не мислам дека Марио треба да дојде во Рио за да прави глупави работи, мислам дека тој ментално е созреан. Васко е институција против расизмот. Се надевам дека ќе може да почека да го официјализираме трансферот“, вели Кордела.

„Официјално не е потпишано ништо, но се договоривме за се, останува уште да биде формализирано. Се надевам дека на 15 јануари тој ќе стане наш играч“.

„На Васко му треба фудбалер како Балотели и него му треба клуб како Васко. За нашите фанови тој би бил како Марадона“.