24фудбал

Кеси: Слободно кажете му на Ибра

Франк Кеси вели дека ќе го шутира следниот пенал и покрај тоа што денеска промаши од белата точка, фудбалерот од БСК на шега му рече на новинарот дека слободно може да го извести Златан Ибрахимовиќ за ова.

Италија

Златан Ибрахимовиќ е задолжен за пеналите во Милан, но Швеѓанецот сам се разреши од должноста откако промаши три во низа.

Франк Кеси денеска ја превзеде должноста против Фиорентина и погоди од 11 метри за 2-0. Фудбалерот од средниот ред сепак не го реализираше вториот обид од белата точка и пропушти да зголеми на 3-0.

Но покрај ова промашување, Франк Кеси вели дека тој ќе го шутира следниот пенал.

„Првиот пенал го погодив, вториот го промашив но ќе го шутирам третиот“ – рече Франк Кеси по триумфот над Фиорентина.

„Слободно можете да му кажете на Ибра“ – со насмевка на лицето му порача фудбалерот од БСК на новинарот.