24фудбал

Лидс првпат по 30 години победи на Гудисон Парк, 90 минути за Алиоски (ВИДЕО)

Со гол во финишот од мечот, Лидс со 1-0 победи на гостувањето кај Евертон, нашиот Езгјан Алиоски повторно го одигра целиот меч, натпреварот изобилуваше со шанси, но беше постигнат само еден гол.

Англија

Евертон последен пат од Лидс дома имаше загубено во август 1990 година, отогаш до денес имаа одиграно 13 меча против овој противник на свој терен и немаа пораз, но денеска заврши таа серија.

Натпреварот изобилуваше со шанси и на двете страни и штета е што беше постигнат само еден погодок.

Лидс повторно се покажа во одлично издание, а нашиот Алиоски полека се промовира како стандарден во првиот тим, и денеска го одигра целиот натпревар.

Клучниот момент се случи во 79. минута кога Рафиња погоди со удар од далечина за победа на Лидс од 1-0.