24фудбал

Аталанта му се одмазди на Ливерпул, Интер е пред елиминација од Лигата на шампионите (ВИДЕО)

Аталанта со 0-2 триумфираше на Енфилд и му се одмазди на Ливерпул, со истиот резултат, Интер дома загуби од Реал Мадрид и се наоаѓа пред елиминација од Лигата на шампиони.

Лига на Шампиони

Интер по се изгледа уште една сезона уште во групната фаза ќе заврши со настапот во Лигата на шампиони, „нероаѕурите“ вечерва загубија дома од Реал Мадрид со 0-2 и се на прагот на елиминација.

Натпреварот почна лошо за домаќините, Барела реагираше несмасно и направи пенал а Азар од белата точка донесе 0-1 во 7. минута.

Во 33. минута се случи клучен момент. Видал падна во шеснаесетникот под притисок од двајца фудбалери на Реал Мадрид, но наместо пенал, судијата му покажа жолт. Чилеанецот бурно протестираше, па доби втор жолт картон и исклучување.

Во подолжението од мечот, Родриго закачи еден волеј, а Хаким во обид да блокира, ја затресе сопствената мрежа за 0-2.

Аталанта му се одмазди на Ливерпул и вечерва со 0-2 триумфираше на Енфилд. Клоп се коцкаше, испрати мешан состав и тоа го чинеше пораз. Иличиќ погоди за 0-1 по еден час игра а Госенс во 64. минута ги осигура трите бода.

Баерн се пласираше за осминафинале откако со 3-1 го совлада Салцбург, битката за второто место во групата останува отворена откако Атлетико Мадрид одигра само 0-0 против Лoкомотив Москва.

Порто практично си обезбеди место во нок-аут фазата откако со 0-2 триумфираше на гостувањето кај Марсеј, а Ајакс со 3-1 го совлада Митјиланд и ја продолжи битката за една од првите две позиции.