24фудбал

Коронавирусот е минато за Салах, Египјанецот ќе настапи против Аталанта, потврди Клоп

Првата ѕвезда на „Редсите“ ја пропушти пресметката изминатиов викенд против Лестер во Премиерлигата каде неговиот тим славеше со 3-0, а сето тоа поради зараза со ковид-19, меѓутоа се враќа брзо по негативниот резултат на последното тестирање.

Лига на Шампиони

Ливерпул утревечер на домашен терен го пречекува составот на Аталанта во обид да дојде до максимални пет победи во групата „Д“ од Лигата на шампионите, а Јирген Клоп потврди дека коронавирусот е веќе минато за Мохамед Салах.

Како што е познато, Египјанецот се врати заразен со ковид-19 за време на интернационалната пауза, период кој го искористи и да присуствува на венчавката на својот брат, а на последното тестирање беше утврдено дека тој повеќе не е заразен, а ќе настапи на мечот со Аталанта, за што потврди и шефот на стручниот штаб на англискиот првак.

Салах тренираше со остатокот од тимот, тоа го стори на одличен начин“ изјави Јирген Клоп во пресрет на мечот со Италијанците.

Сите тестови кои ги реализиравме веќе донесоа негативни резултати, така нема да се направат одредени измени во тимот, мораме да видиме што можеме со овој избор“ додаде Германецот.

Салах во првиот меч со Аталанта во Италија постигна по еден гол и асистенција во убедливата победа од 0-5.