24фудбал

Михајловиќ го објави писмото кое го добил од Еди Рама додека се борел со леукемијата

Синиша Михајловиќ неодамна ја издаде својата книга „Натпревар на животот“ во која зборува за неговата борба против Леукемијата, меѓудрогото српскиот стратег објавува и писмо кое го добил од премиерот на Албанија Еди Рама.

Останато

Дека национализмот кој е присутен на Балканот може да биде победен, е доказ и гестот на албанскиот премиер кој му испратил писмо на Синиша Михајловиќ додека тој бил во болница борејќи се со леукемијата.

Рама бил во Нови Сад на средба со претседателот на Србија, Александар Вучиќ од кој побарал контакт од Синиша Михајловиќ за да му испрати писмо.

Михајловиќ го објави во целост писмото од Рама:

„Почитуван господине, Јас сум Еди Рама, премиер на Албанија и поранешен играч на албанскиот национален тим во кошарка и стар обожавател на Сампдорија на Вујадин Бошков. Го добив твојо телефонски број од нашиот заеднички пријател, Александар Вучиќ“.

„Минатата ноќ зборувавме за тебе во Нови Сад. Секогаш сакав да го изразам моето воодушевување за начинот на кој се справувате со најстрашниот непријател на животот, но и да ви кажам дека откако ќе поразивте многу голмани директно од белата точка, сигурно сте способен и да ја поразите дури и сенката која се појавила меѓу вас и вашата порта на иднината“.

„Многу добро ја знам опасноста од тоа вакви пораки на солидарност дека можат да бидат досадни за личност каква што сте вие, но ве уверувам дека мојата порака не е од таква природа. Таа е израз на моето воодушевување кон вас“.

„Ви се извинувам што не можев подобро да ги изразам моите чувства на благодарност и симпатија кон вас, но доколку е потребен сведок, тогаш нашиот заеднички пријател (Алексаднар Вучиќ) може да ве увери во тоа, со години речиси и да не се случило на нашите заеднички средби да не ве споменам како посебна фигура во светот на фудбалот“.

„Ви посакувам се најдобро на вас и на вашите сакани, нема веќе да ви досадувам со надеж дека еден ден ќе можам да ве запознаам лично. Е.Р.“.

Под објавата на писмото, Михајловиќ напиша: „Не се случува често да добиете вакви пораки“.