24фудбал

Меси не патува во Киев, нема да игра против Динамо иако не е повреден

Лионел Меси и Френки де Јонг нема да бидат дел од составот на Барселона на гостувањето кај Динамо Киев во Лигата на шампионите.

Лига на Шампиони

Со цел отсуството на Меси да не креира дополнтелни шпекулации и дополнително да ја наруши атмосферата во Барселона, Куман го објасни отсуството.

Меси и Де Јонг нема да патуваат во Киев со цел да се одморат за следните предизвици. Патувањето до Украина е долго, па холандскиот стратег сакал да ги поштеди своите клучни играчи.

Барселона ионака има многу отсутни поради повреди Пике, Серхи Роберто, Умтити, Араухо, Бускетс, како и Фати. Добра вест е што Дембеле се опорави во повредата па ќе биде во составот.

По три одиграни кола Барселона има максимални девет бода во Лигата на шампионите, па Куман може да си дозволи да ги одмори Меси и Де Јонг.