24фудбал

Навреди и закани за Алиоски на социјалните мрежи, полицијата ќе истражува

Од таборот на Лидс и Арсенал ги осудија навредите и заканите упатени кон Езгјан Алиоски и Николас Пепе, клубовите ќе соработуваат со полицијата за да ги најдат виновниците.

Англија

Езгјан Алиоски е во фокусот по синоќешниот натпревар помеѓу Лидс и Арсенал, го испровоцира Николас Пепе, дојде до кошкање, фудбалерот на „топчиите“ го удри со глава Македонецот а судијата немаше друг избор и му покажа црвен картон.

Па Езгјан Алиоски и Николас Пепе беа мета на гневни фанови, кои на социјалните мрежи упатија навреди и закани.

Лидс и Арсенал веднаш го осудија ваквото однесување и најавија дека ќе соработуваат со полицијата за да се најдат виновниците.

„Лидс нема да ги толерира грозните навреди упатени кон Езгјан Алиоски и Николас Пепе на социјалните мрежи по синоќешниот натпревар против Арсенал. Ќе соработуваме со полицијата и фудбалските власти за да се осигураме дека овие индивидуи ќе бидат идентификувани и казнети“ – гласеше соопштението на Лидс.

„Ги осудуваме грозните навреди кон Николас Пепе и Езгјан Алиоски на социјалните мрежи по нашиот натпревар против Лидс. Ова е неприфатливо, ќе соработуваме со полицијата и властите и ќе сториме се што можеме за да се пронајдате виновниците и да се казнат“ – гласеше известувањето на Арсенал.