24фудбал

Алиоски наскоро ќе потпише нов договор со Лидс

Се очекува наскоро Лидс и Алиоски да се договорат за продолжување на соработката, преговорите меѓу двете страни се почнати.

Англија

Според „Атлетик“, Лидс ги започнал преговорите со Алиоски за нов договор.

Актуелниот договор на нашиот репрезентативец со Лидс истекува по крајот на оваа сезона.

Алиоски беше еден од најзначајните фудбалери за Лидс додека тимот играше во Чемпионшип, а и во Премиерлигата кога добива шанса игра одлично, особено беше добар на последните два меча на кои беше стартер.

Добра страна на Алиоски е тоа што може да игра и како бек и како офанзивен играч од средината на теренот.

Дополнително тој е еден од најзабавните во составот на Лидс и е важен фудбалер во креирањето на позитивната атмосфера во соблекувалната.

Биелса сака да го задржи во тимот и се очекува преговорите меѓу двете страни да завршат со позитивен исход.