24фудбал

Салах од денеска почнува да тренира со Ливерпул, има негативен тест на ковид-19

Јирген Клоп потврди дека Мохамед Салах е негативен на последното тестирање и од денеска ќе почне да тренира со остатокот од тимот.

Англија

Салах на 13. ноември беше тестиран позитивно на ковид-19, но тој веќе ја победи болеста и последниот тест бил негативен.

Оваа информација за Клоп доаѓа во вистинско време бидејќи Ливерпул има проблем со составување на тимот поради многу изостаноци од повреди.

„Слушнав дека е негативен, и ќе почне да тренира. Сга имаме тестирања од УЕФА и сигурен сум дека тој ќе биде на нив. Имаме два теста за два дена, па пак ќе биде тестиран“, вели Клоп.

Ливерпул во среда ја пречекува Аталанта во натпревар од Лигата на шампионите.