24фудбал

Ибрахимовиќ: Ако треба да одам во војна, Михајловиќ ќе биде во првиот ред, јас во вториот, за него бев подготвен да играм бесплатно во Болоња

Златан Ибрахимовиќ вели дека неговата почит кон Синиша Михајловиќ е огромна, иако не било така кога не го познавал.

Италија

Ибрахимовиќ вели дека бил подготвен и бесплатно да игра за Болоња на Синиша Михајловиќ, но во последен момент го одбрал Милан.

„Мислам дека Синиша е голем човек, имав среќа да го запознаам како личност“, вели Ибрахимовиќ.

„На почетокот не се сакавме, но кога го видов во Интер, тоа беше љубов од прв ден. Би рекол: „Ако одам во војна, Синиша би бил во првиот ред, јас во вториот“.

„Сакав да го убијам за време на меч меѓу Јувентус и Интер. Му мислев се најлошо, но за среќа тоа не се случи. Потоа кога бев во Интер открив колку голем човек е, горд сум што ми е пријател“.

„Синиша беше посилен од мене. Му реков дека што и да посака ќе направам за него“.

„Тој направи се што можеше за да ме донесе во Болоња, ги употреби вистинските зборови, но бев искрен со него, му реков дека не можам да трчам како што сум трчал претходно“.

„Михајловиќ ми рече дека треба само да стојам во нападот, му рков дека би потпишал за Болоња и за беспари, но тогаш дојде Милан“.

„Не бирав меѓу Болоња и Милан, туку бирав меѓу играње и пензионирање“.