24фудбал

Гвардиола: Тоа се тимовите на Мурињо, ќе направиш грешка и ќе те казнат на контра

На Манчестер Сити не му оди ниту на стартот од оваа сезона, Пеп Гвардиола кој штотуку потпиша нов договор со англискиот клуб, загуби од Тотнем на Жозе Мурињо.

Англија

Манчестер Сити минатата сезона ја заврши без трофеј, а има лош старт во Премиерлигата и на оваа. Денеска граѓаните загубија на гостувањето кај Тотнем со 2-0.

„Можеше да биде подобро, игравме слично како што играме цела сезона. Не се браневме добро при првиот примен гол. Тие се бранеа премногу длабоко, се бранеа со шест играчи и не беше лесно“, вели Гвардиола.

„Имавме шанси, не постигнавме гол, тие направија две-три шанси од контра напади и го загубивме мечот“.

„Пред мечот знаевме дека не смееме да примиме гол каков што го примивме првиот. Имавме повеќе шанси од нив но загубивме. Тимовите на Мурињо се такви, ќе направите грешка и ќе ве казнат на контра“.