24фудбал

Фернандеш од пенал му донесе победа на Манчестер јунајтед против ВБА (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед тешко дојде до трите бода против ВБА, Бруно Фернандеш од пенал кој го шутираше двапати ја донесе победата.

Англија

Манчестер јунајтед имаше повеќе шанси, но погоди еднаш и тоа од повторен пенал по што славеше минмална победа од 1-0 против Вест Бромвич.

Во првото полувреме момците на Солшер промашија неколку идеални шанси. Двапати Марсијал не реализираше од идеална позиција.

На почетокот од првото полувреме беше досуден пенал за ВБА, но по прегледувањето на ВАР одлуката беше променета.

Во 55. минута Манчестер јунајтед доби пенал, Фернандеш не реализираше, но голманот на ВБА не газеше на линијата, па Португалецот доби шанса уште еднаш која овој пат ја искористи за водство од 1-0.

ВБА имаше шанса да изедначи преку Робинсон, но ја погоди пречката од голот на Де Хеа.

За Јунајтед имаа шанси Рашфорд и Мегваер, но резултатот остана 1-0.