24фудбал

Два гола на Роналдо за три бода на Јуве против Каљари (ВИДЕО)

Јувентус со 2-0 го победи Каљари, двата гола беа дело на Кристијано Роналдо во првото полувреме.

Италија

Јувентус ги освите планираните три бода против Каљари, а херој на овој натпревар беше Кристијано Роналдо.

Португалецот најпрво погоди во 38. минута за водство од 1-0, а четири минути подоцна го постави и конечниот резултат.

Во 69. минута се затресе и мрежата на Буфон, но голот на гостите беше поништен поради офсајд.

Претходно Лацио со 2-0 славеше на гостувањето кај Кротоне, Специја и Аталанта одиграа без голови.