24фудбал

Тотнем го доби големото дерби со Манчестер Сити и се качи на врвот во Премиерлигата (ВИДЕО)

Жозе Мурињо ја доби тактичката битка со Пеп Гвардиола, Тотнем со 2-0 го победи Манчестер Сити и повторно се искачи на врвот на табелата во Премиерлигата каде ќе биде најмалку до утре.

Англија

Голема победа за Тотнем, три важни бода за тимот на Мурињо против директен ривал за највисок пласман.

Тотнем поведе уште во петтата минута кога по прекрасна асистенција од Ндомбеле, Сон постигна гол за водство од 1-0.

Рано стекнатата предност му овозможи на Мурињо да одигра затворено, дефанзивна беше тактиката на Португалецот, неговите фудбалери преку контри се обидуваат да го загрозат повторно Едерсон.

Манчестер Сити јалово кружеше околу голот, еднаш и постигнаа гол преку Лапорте, но погодокот беше поништен поради игра со рака на Габриел Жесус.

Во 65. минута по само 35 секунди откако влезе, Ло Селсо постигна гол по асистенција од Кејн, за водство од 2-0 на Тотнем што беше и конечен резултат.

По девет одиграни меча Тотнем е прв на табелата со 20 бодови, утре може да биде симнат од врвот само ако Лестер го добие дербито со Ливерпул.

Манчестер Сити има натпревар помалку но дури осум бода негатива во однос на Тотнем.