24фудбал

Вардар му се одмазди на Борец за поразот во првото коло

Се одигра првиот натпревар од предвиденото 12 коло во првата македонска фудбалска лига, а „Црвено црните“ дојдоа до прва победа по четири меча неуспешни обиди да дојдат до три бода.

Македонија

Вардар му се одмазди на Борец за минималниот пораз уште во првото коло од новата сезона во првата македонска фудбалска лига откако денеска во рамките на 12 коло славеше со резултат од 0-2 на гостувањето во Велес.

Стрелци на головите за составот на Александар Васоски беа Попзлатанов во 80. минута, односно Цветаноски во 90. минута за вредни три бода за „Црвено црните“ од ова гостување. Инаку за Борец ова е прв пораз на свој терен.

 

Останатите натпревари од редовното коло се предвидени да се одиграат утре со почеток од 13 часот.

Академија Пандев – Пелистер

Работнички – Македонија Ѓ.П.

Шкендија – Шкупи

Силекс – Беласица

Струга Т.Љ. – Ренова

 

Табела: Шкендија 25, Шкупи 23, Македонија Ѓ.П. 22, Борец 19, Струга Т.Љ. 16, Вардар 16, Силекс 14, Работнички 13, Пелистер 12, Ренова 8, Академија Пандев 7, Беласица 5.