24фудбал

Барди сепак нема да оди „под нож“, но не се знае кога ќе се врати на терените

Тренерот на Леванте, Пако Лопез соопшти дека Енис Барди нема да оди на операција, тоа значи пократко отсуство но во моментов не се знае кога Македонецот ќе се врати на терените.

Македонија

Енис Барди на тренинг со Македонија заработи повреда на грбот, се говорше дека може да оди „под нож“, но по деталните прегледи, лекарите на Леванте одлучиле тој да не оди на опрација.

„Каква евулуција ќе има повредата ќе зависи од многу фактори, но најважно е тоа што избегна операција“ - рече на денешната прес конференција тренерот на Леванте, Пако Лопез.

„Со тоа сигурно се намалува должината на паузата. Сепак, никој не може точно да каже кога Барди ќе се врати. Се работи за незгодна повреда, во пределот на грбот кој е комплициран. Мора да внимаваме да не ја обнови повредата и ќе се врати само кога ќе биде 100% подготвен“.

Поради повредата, Енис Барди го пропушти дуелот со Грузија на кој беше обезбеден историски пласман на ЕВРО 2020.

„Му честитавме за успехот со Македонија, тоа што играч на Леванте ќе настапи на Европско првенство е причина за радост“.

Останува да се види кога Енис Барди ќе се врати на терените, некои извори велат дека тој може да паузира до крајот на годината.