24фудбал

Тепачка и во Арсенал, Давид Луиз му го раскрварил носот на Дани Себаљос

Играчите на Арсенал, Давид Луиз и Дани Себаљос се степале на тренинг, инцидентот се случил минатата недела пред репрезентативната пауза, подебелиот крај го извлекол Шпанецот.

Англија

По тепачката во соблекувалната на Колумбија, денеска медиумите јавуваат и за уште една физичка пресметка, според „Атлетик“, Давид Луиз и Себаљос се степале по еден старт на Шпанецот врз Бразилецот на тренинг.

По стартот двајцата влегле во расправија која прераснала во тепачка, Давид Луиз му удрил бокс на Себаљос и му го раскриварил носот. 

Микел Артета го гасел пожарот, ги помирувал двајцата фудбалери во соблекувалната.

Сепак, брзо откако излезе оваа информација, Себаљос преку својот твитер профил напиша дека ова е лажна вест.