Тренерот на Вардар, Александар Васоски предупредува дека ако работите во клубот не се средат до декември, клубот ќе влезе во најтешкиот период во својата историја.
Категорија: Македонија 26.10.2020 23:19 Прочитано: 1280 пати
Александар Васоски во отворен пост на социјалните мрежи го искажа својот став за актуелната ситуација во Вардар.
Клубот е во рацете на Сергеј Самсоненко до Нова година, а потоа треба да се најде решение како ќе продолжи понатаму, засега нема некои посериозни најави за нов сопственик, па Васоски предупредува дека ситуацијата е алармантна.
„Доколку не се среди ситуацијата во клубот после декември, Вардар ќе доживее најцрно сценарио од неговото постоење“, напиша Васоски. Тој претходно се осврна и на игрите на неговиот тим.
„Почитувани симпатизери на Вардар, чувствувам должност да ви се обратам по повод најновите резултати на Вардар. Што се однесува до резултатите во последните неколку кола (ко не се на нивото на Вардар), лошата среќа како и созревањето на екипата си го земаа својот данок. Екипата на сите натпревари (сметајќи го и високиот пораз со Шкендија) не беше во подредена улога, напротив во сите параметри освен во за жал головите бевме подобри од нашите противници. Физичката спремност во моментов е задоволителна, меѓутоа ни фалат пријателски натпревари за да ги корегираме грешките. Комплетно нова екипа, која за жал во од ја воигруваме и се надевам дека среќата ќе ни се врати и ќе играме уште подобро“.