24фудбал

Не тече мед и млеко во преговорите помеѓу Мбапе и ПСЖ за нов договор

Актуелниот договор на 21 годишниот напаѓач со францускиот првак истекува во 2022. година, големи се очекувањата дека Мбапе би можел уште идното лето да си замине од редовите на ПСЖ, а преговорите за нов договор не течат според плановите на клубот.

Франција

Во ПСЖ си поставиле примарна цел да се продолжи договорот на Килијан Мбапе, а клубот преку својот спортски директор Леонардо прави максимални напори за да ја оствари својата зацртана цел, но, како и да е, желбите на клубот се едно, а повеќе од јасно е дека сосема друго на самиот фудбалер.

„ЛЕкип“ известува дека клубот и фудбалерот веќе имале првични контакти околу можно продолжување на договорот, меѓутоа позициите на обете страни се на сосема различни страни, а преговорите течат доста комплицирано.

Мбапе подолг период се поврзува со Реал Мадрид, а од сенка својата шанса ја чека и Ливерпул кој исто така се споменува како следна можна дестинација доколку дојде до разделба помеѓу Мбапе и ПСЖ.