24фудбал

Чалханоглу прави предавство, фудбалерот на Милан понуден на Интер?!

Хакан Чалханоглу би можел да направи големо предавство и да го замени Милан со лутиот градски ривал Интер, според пишувањата на Тутоспорт, Турчинот бил понуден на „нероаѕурите“.

Италија

Хакан Чалханоглу ја одработува последната година од договорот со Милан, се водат преговори за продолжување на соработката, но има голема разлика помеѓу понудата и побарувачката.

Турчинот во моментов заработува 2,5 милиони евра годишно и за да остане верен бара речиси три пати повеќе, односно 6,5 милиони евра, сума која „росонерите“ не помислуваат да ја платат.

Преговорите внимателно ги следат неколку клубови како Јувентус и Атлетико Мадрид, кои во јануари ќе можат да му понудат пред-договор и следното лето да го донесат во своите редови за беспари.

Денешното издание на Тутоспорт пак пишува за големо предавство, Хакан Чалханоглу да го замени Милан за лутиот градски ривал Интер.

Агентот на Турчинот остварил контакт со лидерите на „нероаѕурите“ и ги понудл својот клиент на Интер.