24фудбал

На 48 часа пред почетокот на сезоната во Премиерлигата, Арсенал му ја промени улогата на Артета

Пред стартот на новата сезона во Премиерлигата, Арсенал реши да го унапреди Микел Артета, Шпанецот наместо тренер на првиот тим ќе биде менаџер на првиот тим.

Англија

Микел Артета во иднина ќе има поголеми овластувања, доцна вечерва пристигна потврда од Емирати дека Шпанецот е унапреден. Наместо тренер на првиот тим, тој сега е менаџер на првиот тим.

Микел Артета покрај водењето на првиот тим, сега ќе биде задолжен и за трансфери и сите други фудбалски операции заедно со техничкиот директор Еду.