24фудбал

Милан го договори Тонали, ова се деталите од трансферот на „новиот Пирло“

Неколку извори од Италија пренесуваат дека Милан и Бреша си подале рака за трансфер на Сандро Тонали, перспективниот фудбалер од средниот ред се сели на Сан Сиро во зделка вредна 35 милиони евра.

Интервју

Милан успеа да го победи лутиот градски ривал Интер во трката за „новиот Пирло“. „Нероаѕурите“ со месеци се поврзуваа со ангажман на Сандро Тонели, се имаа договорено и со играчот и со Бреша, но наместо да го комплетираат трансферот, го оладија интересот.

Па „росонерите“ го искористија ваквиот развој на настаните за да достават понуда и да го украдат перспективниот фудбалер од средниот ред.

Неколку извори од Италија доцна вечерва пренесоа дека паднал договор и Сандро Тонали ќе го облече „црвено-црниот“ дрес.

Се работи за зделка од 35 милиони евра, односно позајмица за која ќе бидат платени 10 милиони евра, плус опција играчот во целост да биде купен за додатни 15 милиони евра, како и бонуси од 10 милиони евра. Бреша исто така ќе добие и 10% од следниот трансфер на Италијанецот.