24фудбал

Шурле на 29 години стави крај на фудбалската кариера

По 11 години фудбалска кариера, германскиот фудбалер Андре Шурле реши да прекине да игра фудбал.

Германија

Иако имаше одлична кариера, беше дел од германската репрезентација која го освои Светското првенство и постигна два гола во победата над Бразил од 7-1, Шурле реши многу рано да ги обеси копачките.

„Сакам да ве известам дека се повлекувам од професионалниот фудбал. Од мое име и од името на мојата фамилија сакам да им заблагодарам на сите кои беа дел од овие фантастични години! Поддршката и љубовта која ја делевте со мене беше неверојатно, не можев да посакам повеќе. Сега сим подготвен и отворен за сите прекрасни можности кои доаѓаат кон мене“, напиша Шурле на својот инстаграм профил.

Тој професионалната кариера ја почна во Мајнц од каде се пресели во Баер Леверкузен. Во 2013 премина во Челси со кој во сезоната 2014-15 ја освои Премиерлигата, па се врати во Германија, во тимот на Волфсбург. Во 2016 потпиша за Борусија Дортмуна, а од таму беше пратен на позајмица во Фулам и Спартак Москва.

За германската репрезентација има одиграно 57 натпревари и постигнато 22 гола.