24фудбал

Баерн изедначи постигнување на Јувентус, Левандовски го реши Вердер и донесе нова титула (ВИДЕО)

Баерн Минхен е старо-нов шампион на Германија, „баварците“ вечерва со голот на Роберт Левандовски триумфираа со 0-1 на гостувањето кај Вердер Бремен и го обезбедија трофејот на две кола пред крајот.

Германија

Баерн Минхен се радува на титулата број 30, вечерва избраниците на Ханси Флик триумфираа со 0-1 на гостуваето кај Вердер Бремен и на две кола до крајот математички го обезбедија шампионскиот пехар.

Клучниот момент се случи на крајот од првиот дел, Роберт Левандовски успешно избегна една офсајд стапица и ја затресе мрежата на домаќините.

Со новиот успех, Баерн изедначи постигнување на Јувентус, и стана вториот клуб од топ 5 првенствата во Европа со осум титули во низа.