24фудбал

„Се надевам син ти ќе се зарази со коронавирус“ - Дини откри дека добива навреди по одлуката да не тренира

Капитенот на Вотфорд, Трој Дини откри дека добива навреди поради јавно искажаниот став дека не сака да се врати на тренинг, навреди пристигнуваат и на адреса на неговата сопруга.

Англија

Низ медиумите од Англија често се пишуваше дека голем дел од фудбалерите од Премиерлигата стравуваат за своето здравје и не сакаат да се вратат на тренинг, но на прсти се бројат тие кои јавно искажаа загриженост.

Еден од нив е Трој Дини, капитенот на Вотфорд образложи зошто не сака да се врати на тренинг, покрај големиот број на неодговорени прашања, тој не сака ништо да ризикува бидејќи дома има петмесечен син со потешкотии при дишењето.

Напаѓачот во разговор со СиЕнЕн сега откри дека добива навреди поради јавно искажаниот став.

„Добивам навреди, дури имаше и пораки кои гласеа, „Се надевам син ти ќе се зарази со коронавирус“. Ова ми паѓа најтешко. Ако им одговориш, тие само ќе продолжат со повеќе навреди“ - раскажува Дини.

„Во овој перид многу се зборува за ментално здравје, од сите страни ве охрабруваат да кажете што мислите, Дени Роуз проговори, јас проговорив и наместо помош, не направија партали“.

„Не ме навредуваат само мене, и пишуваат пораки и на сопругата. Исто така, кога се шетам по улица, ќе пријде човек и ќе ми рече, „Јас одам на работа, па и ти треба да одиш на работа““.