24фудбал

Лука Јовиќ се извини, претседателот на Србија му порача: Ако излезеш од дома, ќе те уапсиме!

Лука Јовиќ и се извини на јавноста во Србија за тоа што го прекршил карантинот, претседателот Александар Вучиќ му порача дека ќе биде уапсен доколку излезе од дома.

Останато

Фудбалерот на Реал Мадрид се најде во фокусот на вниманието откако по пристигнувањето во Белград наместо да седи во самоизолација, слободно шета. Тој беше прекорен од српската премиерка, а министерот за внатрешни работи истакна дека е поднесена пријава за која може да добие затворска казна од една до 12 години.

Лука Јовиќ вечерва се огласи, се правдаше дека никој не му дал точни насоки што да прави во карантин и се извини за своите постапки.

„Со оглед на тоа колку е тешка ситуацијата во нашата земја и целиот севет, сакам да се обратам и да ги охрабрам сите. Како прво, жалам што сум главна тема овие денови, жалам што постојано се пишува за мене наместо за главните луѓе во борбата против оваа криза, односно докторите и сите оние луѓе кои работат во здравството. Во Мадрид мојот тест за Ковид 19 беше негативен, па решив да дојдам во Србија, да му помогнам на нашиот народ и да бидам блиску до семејството. За ова добив дозвола од клубот. Кога пристигнав во Србија, ми направија тест кој исто така беше негативен. Жалам што некои луѓе не си ја завршиле работата професионално и не ми дадоа точни инструкции што да правам и како да се однесувам во самоизолација. Во Шпанија дозволено е да одиме да пазариме во продованица или аптека, тука не е дозволено. Сакам да се извинам доколку повредив некого или пак го ставив во опасност. Се надевам дека заедно ќе ги пребродиме овие тешки денови“ – изјави Лука Јовиќ.

Лука Јовиќ не е единствениот фудбалер кој се најде на тапет, самоизолацијата не ја почитувал и Никола Нинковиќ, кој игра во Италија. Двајцата беа опоменати од претседателот на Србија.

„Едниот е во хотел (Нинковиќ), другиот е во својот апартман (Јовиќ). Доколку излезат од дома, ќе ги уапсиме. Знам дека се каат за своите постапки, но сакам да ставам јасно до знаење дека животите на нашиот народ се многу поважни од нивните милиони“ – рече Александар Вучиќ.