Стефан Ристовски денеска со серија фотографии на својот инстаграм профил се збогуваше со Бруно Фернандеш, а во една од нив Португалецот беше во дрес на македонската фудбалска репрезентација.
Категорија: Македонија 29.01.2020 23:38
Бруно Фернандеш е ново засилување за Манчестер јунајтед, англискиот клуб денеска конечно го договори трансферот на Португалецот кој ќе ги чини околу 70 милиони фунти.
Стефан Ристовски кој е добар пријател со неговиот досегашен соиграч, објави неколку фотографии со Бруно Фернандеш, на една од нив новата ѕвезда на Манчестер јунајтед е во дрес на нашата репрезентација.