24фудбал

Пепе со два маестрални голови од слободен удар му донесе победа на Арсенал (ВИДЕО)

Арсенал два пати губеше од Гимараеш, а Пепе конечно покажа нешто од својот репертоар, тој беше херојот на топчиите кој со два прекрасни гола од слободен удар донесе три бода.

Лига Европа

Рекордното засилување на Арсенал, Пепе конечно блесна и им даде надеж на фановите дека најдоброто од него допрва доаѓа.

Гимараеш поведе со гол на Едвардс уште во деветата минута, Мартинели во 32. изедначи на 1-1, но само пет минути подоцна Дуарте ја врати предноста на португалскиот клуб.

Во 80. минута Пепе го постигна првиот гол од слободен удар, а во судиското продолжение со уште поубав погодок донесе триумф од 3-2.

Победа во самиот финиш обезбеди и Селтик против Лацио. Италијанскиот тим водеше од првото полувреме со гол на Лазари, а Кристи и Жулиен погодија за победа на Шкотите од 2-1.

Резултати од Лига Европа од мечевите кои се играа од 21 часот:

Арсенал - Гимараеш 3:2

Селтик - Лацио 2:1

Динамо Киев - Копенхаген 1:1

Ајнтрахт Франкфрут - Стандар Лиеж 2:1

Гетафе - Базел 0:1

Малме - Лугано 2:1

ПСВ - ЛАСК 0:0

Рен - Клуж 0:1

Севиља - Дуделанж 3:0

Спортинг - Розенборг 1:0

Трабзонспор - Краснодар 0:2