Категорија: Шпанија 14.09.2019 15:02
Реал Мадрид стигна до посакуваната победа над Леванте во рамките на четвртото коло од Примера, откако „Кралевите“ славеа со 3-2 на домашен терен, иако по првото полувреме домаќинот имаше водство од 3-0.
Бензема со два гола во серија, најнапред во 25. минута, а потоа и шест минути подоцна донесе водство од 2-0 за домаќинот, Кашемиро во 40. минута се погрижи истото да биде зголемено на 3-0 по што се замина на паузата.
По само четири минути игра во второто полувреме Мајорал намали на 3-1, за веќе во 75. минута Мелеро да погоди и за 3-2, меѓутоа гостите не успеаа да направат изненадување во Мадрид, па тимот на Зинедин Зидан потешко од очекувањата дојде до посакуваните три бода од оваа пресметка со што се искачи на второто место на табелата со меч повеќе од Атлетико Мадрид кој има бод предност, инаку „Јорганџиите“ гостуваат кај Реал Сосиедад.
Инаку, нашиот Енис Барди ги одигра завршните 34 минути игра на „Сантијаго Бернабеу“, во игра влезе при резултат 3-1 за Реал Мадрид.