24фудбал

Лукаку не сака ниту да помисли на враќање во Англија

Белгиецот веќе погоди на два меча по ред во Серија А, тој тврди дека летово бил перфектен момент за да ја напушти Англија, за што додава дека никогаш не би се вратил повеќе на Островот.

Италија

Ромелу Лукаку вели дека Интер е тимот кој може да му помогне во неговите амбиции да ја потврди својата фудбалска класа по периодот минат во дресот на Манчестер јунајтед, од каде си замина ова лето.

Белгиецот истовремено јасно даде дознаење дека нема намера да се врати во Англија повеќе, посочи дека потребно му било да си замине од Островот.

Ова е тимот кој ми беше потребен, имам голема љубов кон ова место, љубов која ја имам и за Интер како клуб, ова беше перфектен момент за мене да ја напуштам Англија, не сакам да се вратам таму повеќе“ вели Лукаку.

Овој тим со кој располагаме е доста квалитетен, воедно имаме и вистински лидер пред нас кој може да не однесе на вистинското место, Интер е амбициозен клуб и тие сакаат да се вратат на местото на кое заслужуваат да бидат“ додаде 26 годишниот белгиски напаѓач.