24фудбал

Како редарите го „чистеа“ теренот по непоканетите гости на големото финале (ВИДЕО)

Голем пропуст на организациски план предизвика моментот кога на теренот влетаа неколку лица, редарите не успеаа да спречат такво нешто, а потоа следеше реакција брза реакција од нивна страна.

СП 2018

Руската феминистичка група „Пуси рајот“ ја презеде одговорноста за тоа што четири лица влетаа на теренот за време на големото финале од Светското првенство во Русија каде Франција со 4-2 беше подобра од Хрватска на крајот.

Три жени и еден маж ги надмудрија редарите, а следеша брз одговор од нивна страна, по што играта продолжи по половина минута прекин.

Ова беше своевиден протест и до рускиот претседател Владимир Путин, против чии политики не се согласуваат. Оваа ситуација од 52. минута на мечот на Лужњики во Москва се виде само за момент на тв екраните, причината за тоа е фактот што ФИФА строго забранува прикажување на вакви работи низ преносите.