24фудбал

Хрватите ќе бидат пречекани како шампиони

И покрај тоа што го загубија финалето од Франција, хрватските фудбалери денеска во Загреб ќе бидат пречекани како тие да се Светски шампиони.

СП 2018

Хрватските фудбалери околу 14 часот треба да пристигнат на загребскиот аеродром, а потоа со автобус со отворен кров ќе продефилираат низ улиците на градот. 

Се подготвува спектакуларен пречек, илијадници Хрвати ќе излезат на улиците и ќе ги поздрават своите херои како тие да се Светски шампиони. 

Со освојувањето на сребрениот медал на Светското првенство во Русија, Хрватска го направи најголемиот спортски успех во својата историја.