24фудбал

Дешам: Не игравме спектакуларно, но...

Селекторот на Франција, Дидие Дешам не го крие задоволството по огромниот успех на неговата селекција иако признава дека не одиграле некој спектакуларен фудбал.

СП 2018

Франција одигра тактички одлично иако тоа не беше допадлив фудбал, не само со Хрватска, слично беше речиси на сите нивни дуели на Светското првенство. Но на крајот целта е остварена и друго ништо не е важно.

„Не одигравме спектакуларно финале, но бевме ментално посилни од Хрватска. Ова е млад тим и фантастично е што некој со 19 години освојува трофеј Светски шампион. Знам дека не одигравме совршено, но дадовме четири гола“, вели Дешам.

„Не болеше многу што не го освоивме европското првенство дома, но научивме нешто од тоа. Овие 55 дена работевме многу напорно и сега се се исплатеше. Горди сме што сме Французи. Вива ла Републик“.