24фудбал

Лука Модриќ е најдобар фудбалер на Светското првенство

Хрватскиот плејмејкер, Лука Модриќ е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство во Русија.

СП 2018
Иако Хрватска го загуби финалниот меч против Франција, Лука Модриќ ја доби наградата за најдобар фудбалер на Мундијалот.
 
Килијан Мбапе беше прогласен за најдобар млад фудбалер на Светското првенство.
 
А наградата за најдобар стрелец оди во рацете на Англичанецот, Хари Кејн кој постигна шест погодоци.
 
Златната ракавица за најдобар голман ја доби Тибо Куртоа од Белгија.

Трофејот за фер-плеј и припадна на Шпанија.