24фудбал

Хрватска израмни, Перишиќ упати бомба кон голот на Триколорите! (ВИДЕО)

Доста возбудлив меч се игра на Лужњики во Москва, сите епитети на едно финале ги гледаме во овие 30 минути игра.

СП 2018

Возбудливо е на големото финале од Светското првенство во Русија, прва поведе Франција со автоголот на Манџукиќ, а по осум минути, во 28. минута стигна израмнување за Коцкестите.

Сосема заслужено, Хрватска брзо се врати, ги консолидира редовите и со одличниот гол на Перишиќ кој упати бомба кон голот на Лорис, донесе израмнување, гол кој ветува уште повозбудливо продолжение на големото финале.