24фудбал

Автогол на Манџукиќ: Франција поведе против Хрватска! (ВИДЕО)

Субашиќ изненаден откако Манџукиќ несреќно зафати топка со глава по една нафрлена топка од страна на Гризман од прекин.

СП 2018

Хрватска дефинитивно имаше големи проблеми од прекините, тешко им се дава гол од игра, а тоа се потврди и во големото финале против Франција на Светското првенство.

Триколорите дојдоа до водство во 19. минута откако Гризман нафрли по еден прекин, а на топката налета Манџукиќ кој сакаше да ја избие, но наместо тоа таа заврши во голот каде изненаден во оваа ситуација беше Субашиќ, а тој направи максимум за да спречи водство на Франција, но, неуспешно.


Тоа што е интересно, патот на Хрватска до финалето одеше почнувајќи со негатива од осминафиналето, до полуфиналето, но, на сите натпревари Коцкестите не само што се вратија, туку на крајот беа победници.