24фудбал

Белгијците пречекани како херои во својата земја, фановите го скандираа името на Азар (ВИДЕО)

Фановите на белгискиот состав се задоволни од освоеното трето место на Светското првенство во Русија, па така ги пречекаа фудбалерите на таа селекција со сите почести.

СП 2018

Белгиската репрезентација се врати во својата земја, а фановите излегоа на улиците да ги поздрават своите херои и да им порачаат дека се горди на тој успех.

Црвените ѓаволи вчера славеа со 2-0 во битката за третото место на турнирот во Русија, откако беа подобри од Англија со головите на Муние и Азар, овој вториов имаше посебен пречек во својата земја откако фановите го скандираа неговото име, а на тоа се приклучија и неговите соиграчи кои може да се забележат во позадина на видеото кое го сними фудбалерот на Челси.