24фудбал

Трофејот пристигна на Лужњики во Москва (ВИДЕО)

Коцкестите и Триколорите ќе водат битка за тоа кој ќе го подигне на крајот, победничкиот трофеј во сиот свој сјај пристигна на арената во Москва.

СП 2018

Хрватска и Франција за нешто помалку од половина час ќе ги одмерат силите во битката за светската титула од Мундијалот во Русија, ќе потсетиме дека вчера во малото финале, Белгија со 2-0 беше поуспешна од Англија во дуелот за третото место на турнирот.

Светската фудбалска организација – ФИФА објави едно интересно видео на кое го прикажа патот на пристигнувањето на златниот трофеј кој ќе го освои денешниот победник од мечот во Москва, трофејот веќе пристигна на Лужњики арената, но, кој ќе го подигне на крајот?